ЕКОНОМИЈА

Евростат го поддржа шефот на грчкиот Завод за статистика

eurostat

Европската агенција за статистика, Евростат, изрази солидарност за шефот на статистичкиот завод во Грција, кој е обвинет дека намерно ги „напумпал“ податоците за грчкиот дефицит за 2009 година.

– Сакаме да изразиме длабока загриженост заради неодамнешниот развој на случувањата во Грција, кои не само што може да го загрозат интегритетот на официјалните статистичари во таа држава, туку и интегритетот на европските податоци, се вели во соопштение од Евростат.

Шефот на грчкиот Завод за статистика, Андреас Георгиу е соочен со обвинувања за „лажно прикажување податоци кои нанеле штета на државата“, бидејќи по објавувањето на тие податоци, Владата мораше да побара пакет помош од меѓународни кредитори и да спроведе остри мерки за штедење.