24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРчењето за срцето поопасно од пушењето

Рчењето за срцето поопасно од пушењето

rcenje

Ако сте помислиле дека рчењето на вашиот партнер е само иритантен звук поради кој сакате да го исфрлите од собата, имајте предвид дека тој поради тоа можете да има сериозни здравствени проблеми.

Според експерите, рчењето може да претставува поголем проблем од пушењето и дебелината.

Американски истражувачи од Универзитетот во Детроит откриле дека оние кои рчат се наклонети кон неправилности и задебелување на каротидната артерија, која мозокот ја снабдува со кислород, што може да доведе до мозочен или срцев удар.

– Нашата студија е само еден од доказите дека рчењето не мора да биде безопасно како што порано се мислело.

Наместо да го исфрлите партнерот кој рчи од собата, побарајте здравствена помош, објасни др. Роберт Диб од болницата Хенри Форд, кој го предводеше истражувањето.

Неговиот тим проучувал 54 лица на возраст меѓу 18 0 50 години. Експертите ги измериле нивните каротидни артерии со ултразвук и заклучиле дека внатрешните ѕидови на нивните артерии се значително подебели.

Според научниците, задебелените артерии настануваат поради непрекинатите вибрации што се создаваат со рчењето, што на крајот завршува со воспаление.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП