13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРедизајн на Twitter

Редизајн на Twitter

twitter dizajn

Популарниот сервис за микроблогинг започна со голем редизајн на својата веб страница. Првите знаци можеа да се забележат уште минатата недела, кога на сите корисници им беше воведено големо широко мени во врвот на екранот, а промените на корисничкиот интерфејс најверојатно на тоа нема да застанат. Некои корисници веќе денеска забележаа дека страната на нивниот профил е ажурирана во склад на новиот дизајн, и дека се протега на целата ширина на екранот.

Сликата од профилот е зголемена и е сместена во левиот агол, додека над неа голема „cover“ фотографија. Под неа се наоѓаат основните информации за профилот, како бројот на твитови, пријатели и слично, а основните содржини и твитовите се поделени во две колони, со поголем нагласок на фотографиите и видео содржините.

Првите критики едногласно говорат дека овој дизајн е копија на „Facebook“ (или пак „Instagram“ и „Googlea+“), а повеќе детали за функционалноста на новиот дизајн, како и конечниот суд на корисниците ќе ги добиеме кога новиот дизајн ќе се најде на сите кориснички профили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП