22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6 сепак ќе биде без сафирно стакло?

iPhone 6 сепак ќе биде без сафирно стакло?

safir iphone

Извори во кинеските медиуми дојдоа до информации дека од „Apple“ се откажале од примената на технологијата со сафирно стакло за следната генерација на „iPhone“.

Иако веќе постои прототип на „iPhone 6“ со такво вградено стакло поставено преку екранот и направени се големи залихи на материјали за негова изработка, компанијата сепак се откажала од сафирот. Имено, производните капацитети за производство на овој вид стакло моментално се премали за нивните потреби, а и трошоците за ова производство се преголеми.

Потсетуваме, кон крајот на минатата година „Apple“ ја превзема компанијата „GT Advanced Technologies“ специјализирана токму за производство на сафирно стакло, а истиот материјал како заштита на екранот на својот телефон го опишаа и во патентната пријава која беше откриена минатиот месец. Иако можеби нема да биде вграден во наредната генерација на „iPhone“, сафирното стакло и натаму останува еден од кандидатите за вградување во паметниот часовник на „Apple“, „iWatch“, чие претставување се очекува кон крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП