28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone вложува во кинески гигант

Danone вложува во кинески гигант

danone kina

Француската компанија „Danone“, светскиот производител на млечни производи, колачи и флаширана вода, ќе вложи дополнителни 486 милиони евра во кинеската групација „Mengniu“.

„Danone“ така ќе го зголеми својот удел во сопствеништвото во една од најголемите кинески компании за производство на млечни производи од сегашните четири на 9.9 проценти.

Ваквата одлука е продолжение на договорот кој француската компанија го потпиша во мај 2013-та со компанијата „Mengniu“ и кинеското јавно претпријатие „Kofko“.

Планирано е „Kofko“ да биде сопственик на 16.3 проценти од капиталот на кинеската групација, а „Danone“ на 9.9 отсто, додека пак данската групација „Arla“ на 5.3 проценти.

Оваа трансакција ќе биде завршена во наредните месеци, се наведува во соопштението на француската компанија.

„Danone“ ќе стане вториот најголем акционер во кинеската компанија „Mengniu“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП