25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Битола ќе соработува со Киевскиот регион во Украина

Општина Битола ќе соработува со Киевскиот регион во Украина

bitola

Општина Битола директно ќе соработува со Киевскиот регион во Украина, а во опфатот на таа соработка ќе доминира стопанството, соопштија градоначалникот Владимир Талески и Валериј Кокот раководител на секторот за економски работи во Амбасадата на Украина во Република Македонија.

На денешната прес – конференција е потврдено дека спогодбата и договорот за директна соработка ќе овозможат нови инвестиции, зближување меѓу стопанствениците од двете држави и друга соработка.

– Киевската област е именувана според главниот град на нашата држава и е најголемиот регион во Украина. Тоа воедно е најразвиениот трговски и економски регион кој може да биде од голема корист на двете држави. Цврсто сме заинтересирани за инвестирање во Република Македонија и за соработка меѓу бизнисмените, бидејќи нашите два народа се многу слични, истакна Валериј Кокот од укранинската амбасада во Македонија.

Одлуката за економска соработка со Киевскиот регион за општина Битола претставува уште една меѓународна потврда за потенцијалот на локалната самоуправа, посочи градоначалникот Владимир Талески.

– Спогодбата ќе ни овозможи соработка во трговско-економскиот дел, научно-техничкиот но и културниот дел и понуда што ги имаат Битола и Киев. Ако се има пред вид дека Киевскиот регион има околу два милиони жители, тогаш може само да се претпоставува колкав е потенцијалот за соработка и за влез на украински капитал пред се во нашата индустриска зона „Жабени“, истакна Талески.

Во наредниот период општина Битола ќе ја интезивира и соработката со збратимениот украински град Кременчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП