Премногу ни се допадна современиот дизајн на овoј луксузен камин, кој неодамна ни го претстави студиото „Nuvist“.
Докажувајќи дека удобниот амбиент може да се зачини и со модерен и луксузен декор, „Nuvist“ ја претави оваа своја неверојатна креација, кога полека започна да ги краде сите погледи на лицата кои се вљубеници во луксузот.
Дизајнерите за оваа нивна креација велат дека главна инспирација бил огнот, но и мотивот да се изработи нешто луксузно кое сите ќе посакаат да го поседуваат во својот дом.
Овој камин, како што велат тие, ќе се вклопи во секаков амбиент, но и ќе го зачини вашиот амбиент со неверојатен футуризам.
Дали Ви се допаѓа?