4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVietJet Air купува 63 авиони од Airbus

VietJet Air купува 63 авиони од Airbus

Vietjetair

Приватната виетнамска авиокомпанија „VietJet Air“ потпиша договор со францускиот производител на авиони „Airbus“ за испорака на авиони вредни повеќе од 6,4 милијарди долари.

Договорот беше потпишан на меѓународниот саем за авиони „Airshow 2014“, кој се одржува во Сингапур од 11 до 16 февруари.

Со договорот се предвидува испорака на 63 авиони А320 во наредните 10 до 12 години, а вклучена е и опцијата за дополнителна испорака на 30 авиони.

„VietJet Air“ е основана во 2011 година како прва приватна авиокомпанија во Виетнам, која реализира летови не само на национално ниво, туку и на меѓународно.

„Таа во моментов располага со флота од 11 „A320“ авиони, пренесува агенцијата Итар тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП