25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ги зголеми субвенциите за проектот „Купи куќа, купи стан“

Владата ги зголеми субвенциите за проектот „Купи куќа, купи стан“

kupikukja

Владата ги подобри условите за проектот „Купи куќа, купи стан“, зголемувајќи ги субвеницијата од  50 на 75 проценти  за изградба на нова куќа. Субвенцијата со новите измени ќе достигне и до 15 илјади евра, а целта е дополнително да се стимулира продажбата на куќи.

Измените, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Владата ги донесе на последната седница, а ќе се однесуваат на новоодбрените кредити по нивното стапување во сила.

– Согласно новите измени во моделот половина рата, Владата ќе субвенционира 75 проценти, наместо досегашните 50 проценти од месечниот ануитет. Притоа, субвенцијата за кредит за изградба или купување нова куќа во висина од 50.000 евра ќе изнесува 15.030 евра, рече Ставрески.

Во моделот половина учество, нагласи, досега поддршката беше 50 проценти, а сега е исто така 75 проценти како и кај претходниот модел со што на кредит од 50.000 евра субвенцијата ќе изнесува 9.375 евра.

– Веруваме дека овие измени ќе придонесат за поголемо користење на средствата од овој проект за изградба на куќа, што исто така ќе придонесе  и за развој на типски населби кои во изминатиот период ги промовираат општините, а се новитет во Македонија, истакна Ставрески.

Тој информира дека новина е и тоа што се предвидува можност кредитот да се врати предвреме, а притоа да не се врати добиената субвенција. Таквата можност е дадена по 10-тата година од отплата на кредитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП