1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоследици на високиот крвен притисок

Последици на високиот крвен притисок

blood-pressure

Дури и благо зголемен крвен притисок кај млади луѓе е поврзан со поголем ризик за опасни наслаги на калциум во срцевите артерии 25 години подоцна.

„Journal of the American Medical Association“ објави податоци собрани од речиси 4.700 испитаници.

Истражувачите од „Нортвест“ Универзитетот објавуваат и дека нивните наоди уште еднаш ја истакнуваат потребата за контрола на крвниот притисок веќе во младата животна возраст.

Според нив, благо зголемениот крвен притисок е можно да се коригира со промени на животниот стил веќе во рок од неколку месеци.

За таа цел експертите препорачуваат редуцирање на внесот на сол, почеста конзумација на овошје и зеленчук, зголемена телесна активност и контрола на телесната маса.

Исто така важно е да се ограничи конзумацијата на алкохол и важно е и доволно траење на сонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП