18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony за оваа година најави 100 игри за PS4

Sony за оваа година најави 100 игри за PS4

sony-playstation-4-will

Компанијата „Sony“ објави дека најмалку 100 наслови во текот на оваа година ќе бидат претставени за нивната нова конзола „PlayStation 4“.

Според луѓето од „Sony“ деталите за најважните од нив ќе бидат презентирани во текот на наредните неколку месеци.

Компанијата преку својот официјален „Twitter“ профил порача дека многу од насловите ќе претставуваат изненадување за фановите на новата гејминг платформа.

Од „Sony“ не го користеа зборот „нови“, што ни укажува на тоа дека некои од овие 100 наслови би можеле веќе да бидат понудени за конзолите „PlayStation 3“ или „Vita“, а сега ќе бидат ажурирани со цел да може да работат и на новата конзола.

Некои од заедничките наслови кои се подготвуваат за „PlayStation 4“ се и „DriveClub“, „Destiny“ и „InFamous: Second Son“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП