9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото е силно и точка!

Еврото е силно и точка!

evro2

Франција ќе продолжи да тврди дека вредноста на еврото е многу висока, со што може да се загрози заздравувањето на европската економија, изјави францускиот министер Пјер Московиси.

Московиси, кој планира да го покрене ова прашање на состаноците на министрите за финансии во еврозоната и Групата 20 (Г20), во текот на наредната недела, изјави дека Париз не се обидува да изврши притисок врз Европската централна банка или да поттикне меѓународен спор околу девизниот курс.

„Ние сметаме дека меѓународниот монетарен систем мора да се реформира и стабилизира, со цел да не биде зависен од пазарот“, изјави тој, во пресрет на самитот кој ќе се одржи денес во Брисел.

По растот од 6,5 проценти во изминатите шест месеци, еврото се наоѓа на својот максимум во споредба со доларот во последните 14 месеци, и на највисокото ниво во последните две години во споредба со јенот, изјави министерот.

„Неопходно е Европа мирно да го реши проблемот со девизниот курс, без започнување на валутна војна или вршење на дополнителен притисок врз ЕЦБ“, порача Московиси.

Портпаролот на германската влада, вчера изјави дека девизните курсеви се одредуваат на финансискиот пазар и дека Берлин не смета дека еврото е преценето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП