2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Lady Arpels Feerie Rouge за Денот на вљубените (фото)

Луксузниот Lady Arpels Feerie Rouge за Денот на вљубените (фото)

lio

Доколку и понатаму го барате совршениот подарок за Денот на вљубените, еве уште еден предлог како да ја изненадите вашата сакана дама…

lio

„Van Cleef & Arples“ брендот ни ја претставуваат редизајнираната верзија на еден од нивните најдобри часовници, „Lady Arpels Feerie“. Оваа нивна интерпретација на „Lady Arpels Feerie Rouge“ има куќиште од 38мм од бело злато, со прекрасен рубин црвен бројчаник и база декорирана со бели дијаманти. Вилата која ја гледаме на бројчаникот, исто така е декорирана со дијаманти, а со своето магично стапче го покажува часот, а со крилјата минутите.

lio1

Часовникот работи со „Jaeger-LeCoultre 846“ механизам кој е развиен ексклузивно за „Van Cleef & Arples“ брендот, со ретрограден модул. Каишот на овој елегантен и сензуален часовник може да биде од сатен со кафено сива боја, со нитна од бело злато, а достапен е и во верзија од црвена крокодилска кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП