12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор за буџетот - втор чин

Договор за буџетот – втор чин

eu111111

Лидерите на Европската унија денеска ќе се соберат на Самитот во Брисел, на кој ќе разговараат за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.

Лидерите во ноември се обидоа да постигнат договор за тоа прашање, но тогаш преговорите завршија безуспешно, со оглед на острите несогласувања помеѓу одделните членки на ЕУ во однос на намалувањето на буџетот.

Постигнувањето на договорот ќе зависи, пред се, од пронаоѓањето на рамнотежа помеѓу британските и германските повици за намалување на буџетот, и италијанските и француските барања тие пари да се насочат во инвестиции во области од кои можат да произлезат нови работни места.

Доцна синоќа, францускиот претседател, Франсоа Оланд, присуствуваше на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, со цел да разговараат за тоа каков вид на договор може да биде постигнат.

Двајцата лидери во оваа прилика изразија желба сите шефови на државите во ЕУ да постигнат добар договор.

Европската комисија најпрво сакаше придонесите за земјите членки да се зголемат за пет проценти, на 1,04 билиони евра, за периодот од 2014 до 2020 година, но претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, поради неуспехот на ноемврискиот самит, тој износ го намали на 973 милијарди евра.

Сегашната цел е да приближат на иносот од 900 милијарди евра, што претставува околу еден процент од вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Европска унија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП