Со локација во Тексас, овој величенствен имот содржи се што, дури и најпребирливиот купувач, може да го посака…
„Champ D’or“ имотот е најголем во Тексас од тој вид и сега е на продажба по цена од 35 милиони долари.
На само неколку минути оддалеченост од големиот град, овој имот има околу 4.000 метри квадратни луксузно декориран простор и околу 40 хектари отворен простор.
Изграден е во 1999 година, а содржи шест спални соби и шест бањи со елеганти елементи, теретана која потполно е опремена, терен за тенис, отворен и затворен базен, трем, сауна, голема балска сала совршена за оддржување на гала вечери и медија соба.
Секоја соба ја следи одреден шаблон на декор кој е проткаен со луксуз и ексклузивитет. Всушност, погледнете сами за што се работи…