3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota си заминува од Австралија

Toyota си заминува од Австралија

toyota1231

По „General Motors“ и „Ford“, компанијата „Toyota“ исто така најавува прекин на производството во Австралија до крајот на 2017-та година, а причина за тоа се голмите трошоци и големата конкуренција. Со заминувањето на трите гиганти ќе се затворат и 6.600 работни места во оваа земја.

Одлуката на „Toyota“, поради која 2.500 работници ќе останат без работа, беше очекувана и се случува два месеци откако „General Motros“ најави дека ќе прекине со производството во Австралија, исто така до 2017-та година.

„Ford Motors“ во мај соопшти дека ќе го прекине своето производство во Австралија до 2016-та година, а „Mitsubishi Motors“ престана со своите активности во 2008-та година. Вкупно 6.600 работници ќе останат без работа во трите компании кои најавија заминување.

Од „Toyota“ истакнаа дека нивната одлука е последица на комбинација на фактори, вклучувајќи ги и високата вредност на австралискиот долар, големите трошоци од производството и конкуренцијата. Инаку „Toyota“ своето производство во Австралија го започна во 1963-та година.

Австралискиот министер за индустрија, Иан Макфарлејн изјави дека „Toyota“ не барала од владата финансиска помош пред да ја донесе одлуката за затворање на фабриката.

Владата во оваа земја ја субвенционира автомобилската индустрија во надеж да ги задржи неколкуте илјади работни места.

Австралискиот огранок на „GM“, „Holden“, во последните 11 години доби помош од 1.8 милијарди австралиски долари (1.6 милијарди американски долари).

Во 2012-та во Австралија беа произведени околу 170.000 автомобили, соопшти меѓународната организација за производство на возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП