Познатиот актер Крис Еванс, или „Капетан Америка“, како што го паметиме сите, го стави на продажба својот дом во Холивуд Хилс…
„Капетан Америка“ го купи овој модерен дом во 2007 година, по цена од 1,26 милиони долари, а го продава за 1,45 милиони долари. Домот има околу 2.000 метри квадратни простор.
Тука се трите прекрасно декорирани спални соби и трите бањи. Се наоѓа во мирен и приватен дел на Холивуд Хилс, па така можете да уживате далеку од љубопитните погледи. Сите спални соби се многу пространи и исполнети со природна светлина.
Француската врата ве води до приватниот простор за седење, спа просториите и бујното природно опкружување.
Кујната е гурманска и опремена со најмодерни уреди, со доста простор за работа и за складирање на резерви. Во задниот двор се наоѓа голем простор за забава на отворено, опкружен со бујна вегетација.