Често при долгите патувања има големи периоди на време, во кои нема што да се прави. Во такви ситуации од корист ќе е компактното преносно виртуелно кино „Glyph“, велат неговите творци од компанијата „Avegant“.
Навидум уредот личи на пар аудиослушалки. Во реалноста сепак во неговата рамка се вградени две посебни мали огледала со виртуелни дисплеи со резолуција од 1280х720 за секое око.
Технологијата на уредот е прилично оригинална. Преку еден милион микроогледала, „Glyph“ ја проектира сликата директно на мрежницата на окото. На овој начин очите не се уморни при подолга употреба. Од компанијата тврдат дека за време на тестовите ниту еден корисник не почувствувал какви и да е проблеми со „Glyph“.
Уредот може да се користи и само како обични слушалки. Располага и со микрофон за гласовни разговори. Графиката располага со „HDMI“, „microUSB“ и 3.5mm приклучок. Преку него корисникот може да гледа филмови од својот мобилен телефон на пример, како и од секакви други уреди, што според „Avegant“ ќе е многу удобно за време на долг пат.
Првите примероци од уредот се очекуваат кон крајот на оваа година и ќе чини 500 долари.