6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната Fendi Casa колекција (фото)

Луксузната Fendi Casa колекција (фото)

casa1

Луксузниот бренд „Fendi Casa“ ја претстави својата нова неверојатно елегантна и луксузна колекција на мебел…

Оваа нова престижна колекција претставува асортиман од производи со иновативни елементи на дизајн, кои ја отсликуваат совршената италијанска естетика на луксузот, помешана со њујоркшки шик и британска елеганција.

Покрај своите многу прославени соработки со италијанската дизајнерска куќа „Club House Italia“, „Fendi Casa“ сега започна нова соработка со архитектот и дизајнер Тиери Ламер.

Новите бои кои се претставени во оваа колекција се нежна француска сина боја, во контраст со сиви и бронзени тонови.

Различните текстури варираат од иновативните двотонски шаблони на коцките, кои даваат 3Д ефекти. Во колекцијата забележуваме, како и секогаш, примена на луксузни материјали и ткаенини, како што се абонос, мермер, кожа, крзно и жакард.

casa2

casa3

casa4

casa5

casa6

casa1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП