4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOпадна бројот на посетители на „Еуро Дизни“

Oпадна бројот на посетители на „Еуро Дизни“

euro dizniii

Француската компанија „Еуро Дизни“, која управува и со забавниот парк Дизниленд во Париз, во првото тромесечије од фискалната година забележала пад од приходите во продажбата.

Падот во продажбата е последица на се помалата посета на нивните забавни паркови и хотели.

Приходите во споменатиот квартал опаднале за 6.3 проценти или на 306,3 милиони евра, прецизираше групацијата во своето соопштение.

Овој пад е сепак беше ограничен на извесен раст на просечната потрошувачка по посетителите на парковите (+4,0 oдсто) и хотелите (+6,0 oдсто), што е резлутат на стратегијата на групацијата која има за цел да ја зголеми поединечната потрошувачка за да се ублажат ефектите од ерозијата на клиенти.

Во соопштението се наведува дека компанијата инвестирала за последните три години близу 500 милиони евра во реновирање на капацитетите и нови производи.

„Еуро Дизни“ е оптимист во поглед на 2014-та година, со одредена претпазливост, со оглед на порастот на активностите од јануари оваа година. Меѓу останатото, групацијата има големи надежи во новите атрактивни програми инспирирани од анимираниот филм „Ratatouille“, со кој ќе се отвори летната сезона 2014-та. Овој проект е најамбициозниот за последните седум години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП