2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДестинации за 2014. за кои вреди да се размисли

Дестинации за 2014. за кои вреди да се размисли

singapore

Малдивите се на прво место на листата дестинации, кои се вистински хит за 2014., покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија.

На второ и трето место се Тајланд и Шри Ланка. Податоците од истражувањето се добиени, врз основа на резервациите во туристичките агенции во текот на јануари оваа година.

Малдивите се на прво место веќе деветта година по ред. Тамошниот тур оператор Куони истакнува дека оваа дестинација е најпопуларна поради преубавите пусти острови, луксузните одмаралишта и различни активности, како нуркањето и едрењето.

Компанијата предвидува дека островот Кандолу, со околу 30 плажи и вили покрај вода, ќе стане омилено место за паровите, кои заминуваат на меден месец.

Следува листата од десет топ десетинации за 2014 година:

1. Малдиви
2. Тајланд
3. Шри Ланка
4. Обединети Арапски Емирати
5. САД
6. Маурициус
7. Малезија
8. Куба
9. Антигва
10. Сингапур. ац/зш/11:53

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП