3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSingapore Airlines: Пад на профитот од 65 проценти

Singapore Airlines: Пад на профитот од 65 проценти

singaporeairairsin

Авиокомпанијата „Singapore Airlines“ во последниот квартал од 2013 година забележа пад на нето профитот од 65 проценти, на 50 милиони сингапурски долари (36 милиони франци).

Во истиот квартал во 2012 година вредноста на нето профитот изнесуваше 142,5 милиони долари.

Како причина за драстичниот пад, компанијата ги наведе трошоците од спорот (78 милиони сингапурски долари) против нејзината американска филијала активна во товарниот сообраќај, „SIA Cargo“, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Тужбата против оваа и уште неколку компании е поднесена во 2006 година поради местење на цените во товарниот авиосообраќај во САД.

„Singapore Airlines“ исто така, наведува дека загубила 46 милиони сингапурски долари поради обезвреднување на имотот и споделување на загубите во асоцијативните компании, особено оние нискобуџетните како што е „Tiger Airways“. Кога овие загуби ќе се одземат, произлегува дека компанијата остварила раст на профитот од 23,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП