5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛимитираното издание на луксузниот Dior часовник (фото)

Лимитираното издание на луксузниот Dior часовник (фото)

di12

„Dior“ ни го претставува новото ограничено издание од само 88 парчиња од нивниот најпознат часовник „Dior VIII Grand Bal Resille“…

di12

Овој пат луксузниот часовник е декориран со розеви сафири и е совршен подарок за било која дама за Денот на Заљубените. Овој прекрасен часовник со пречник од 33мм има куќиште од квалитетна бела керамика и нерѓосувачки челик. Базата е декорирана со розеви сафири и круг од бисери. Предниот дел е прекриен со антифлективно сафирно кристално стакло, а обрачот е декориран со бели керамички примероци.

di123

Овој прекрасен и луксузен часовник има бел бисерен бројчаник кој претставува декорација која ќе биде патентирана, со осцилирачки тег од бело злато кој е декориран со 125 светлечки розеви сафири.

di1234

Луксузниот часовник се движи со „Dior Inverse 8 1/4“  автоматски механизам, кој е посебно направен за часовник со пречник 33мм, за прекрасниот тег од бело злато да може убаво да се вклопи. Резервната енергија му е 38 часа, а водоотпорен е до 50 метри длабочина. Цената е достапна на барање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП