1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСеверна Кореја го копира Apple?

Северна Кореја го копира Apple?

severna korea mac

Северна Кореја може да се пофали дека го обнови оперативниот систем на кој работат повеќето јавни компјутери во земјата, но тој премногу наликува на „Mac OSX“ – платформата на „Apple“.

„Red Star OS“ е оперативниот систем, „домашно создаден“ софтвер, инсталиран на повеќето компјутери во библиотеките и училиштата во земјата.

Пред да го променат новиот оперативен систем, тие го имитираа системот на „Microsoft“ – „Windows“.

Откривањето на овој плагијат е направено благодарение на „screenshot“ кој го направил компјутерскиот експерт Вил Скот и го објавил на интернет.

Иако земјата е изолирана од надворешниот свет, многу луѓе во Северна Кореја имаат пристап до технологија, вклучувајќи и мобилни телефони.

Сепак, уредите се силно ограничени. Интернет пристапот е слободен, а повеќето корисници можат да посетуваат само неколку интернет страни, каде што постојат главно вести, „одобрени“ од страна на државата.

Експерти од индустријата веруваат дека прототипoт од овој оперативен систем е произведен во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП