2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува Nexus таблет со екран од 8-инчи

Google подготвува Nexus таблет со екран од 8-инчи

nexus_712

Компанијата „Google“ моментално развива 8-инчен таблет кој би ја избегнал ценовната конкуренција во 7-инчниот пазарен сегмент. Овој таблет би требало да биде лансиран кон крајот на април со почетна испорака од 2 милиони единици.

Потсетуваме дека „Google“ соработуваше со „Asus“ во развојот на 7-инчниот таблет кој беше претставен во јуни 2012-та, а потоа и за втората генерација која се појави на пазарот во јули 2013-та.

Меѓутоа, продажбата на втората генерација на моделот „Nexus 7“ не беше во склад со очекувањата, првенствено поради големата ценовна конкуренција на 7-инчниот пазар, па до крајот на годината беа продадени помалку од три милиони примероци.

Поради тоа, од „Google“ сега одлучија третата генерација да биде со 8-инчен екран, а најверојатно нивен партнер повторно ќе биде „Asus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП