4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките некогаш: Земете повеќе!

Банките некогаш: Земете повеќе!

bank

Банките денес и банките од минатото, се разликуваат во многу нешта.

Порталот „Business Insider“ пронајде еден стар текст од списанието „Life“ објавен во 1960 година, кој ги опишува банките во едно сосема поинакво светло отколку што ги гледаме денес.

Пред пола век американската економија се одвивала доста добро, каматните стапки биле високи, а просечниот Американец имал пари повеќе од кога било досега.

На грѓаните кога им биле потребни уште пари за трошење, се обраќале  на банките чии вработени трпеливо ги чекале на шалтерите со раширени раце.

Модерните банкари пак не чекаат да побарате пари. Денес ви ги туркаат пред нос, односно банките ги охрабруваат новите клиенти да напишат чекови пред да вложат еден цент, пишува „Business Insider“. „Не поседувате доволно, земете повеќе!“

Како што се развивал и растел банкарскиот бизнис од 1960 година, така постарите банки биле соочени со конкуренција од разни штедни и кредитни здруженија, но и со нови банки на пазарот. Меѓутоа, каматните стапки на депозитите го достигнале врвот, па банкарските групации морале да се фатат за нешто друго, со цел да привлечат клиенти.

Како прво на клиентите почнале да им делат апсурдно многу бесплатни работи. Во тоа време банките поклонувале ѕидни часовници, прибор за јадење, грамафонски плочи, апарати за кафе, кујнски сетови, па дури и стипендии. Меѓутоа таквата пракса денес и припаѓа на минатото.

Друг интересен начин за привлекување на клиенти биле различни манифестации во филијалите. Како пример ќе ја наведеме банката „Manhattan Savings“ која за време на божиќните празници, замрзнала дел од својот двор и организирала забава со лизгачи на мраз.

Во текот на 60-тите години просечниот човек не бил доволен „бизнисмен“  за банките, па целна група станале госпоѓите кои ги привлекувале бесплатните курсеви на теми „како да сошиете патент“.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП