1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCisco и Samsung потпишаа договор за размена на патентите

Cisco и Samsung потпишаа договор за размена на патентите

cisco-samsung121

Компаниите „Cisco“ и „Samsung Electronics“ потпишаа договор за меѓусебна употреба на патенти.

На овој начин компаниите оствариле пристап до портфолиото за водечките патенети на другата компанија, што покрива широк спектар на производи и технологии.

Договорот се однесува на постоечките патенти на двете компании, како и оние кои ќе се појават во наредните десет години.

„Иновациите во современото општество многу често се загушуваат со преголемиот број на судски постапки“, изјави Ден Ленг, потпретседател на одделението за интелектуална сопственост во компанијата „Cisco“. „

„Се радуваме на соработката со компанијата „Cisco“. Очекуваме дека овој договор како резултат ќе има заеднички напредок и од него корист ќе имаат само корисниците на двете компании ширум светот“, вели Сенго Ан, директор на центарот за интелектуална сопственост во „Samsung Electronics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП