5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна четирикатна вила во Париз (фото)

Луксузна четирикатна вила во Париз (фото)

che1

Вилата на четири ката во Франција, во близина на Луксембуршката Градина, која датира од 19-от век, сега е на продажба по цена од 47,4 милиони долари…

За тие пари, ќе добиете и повеќе отколку што сте очекувале. Вилата содржи преку 800 метри квадратни животен простор, и преку 4.000 метри квадратни прекрасно уредени градини.

Има девет прекрасно декорирани спални соби, шест бањи и величенствени балкони. Нејзините моментални сопственици ја реновирале во 2011 година, кога додале и лифт и прекрасно уредени скалила, кои покрај својата функционалност преставуваат и магичен декор на веќе прекрасниот просотор. Иако има прилично современ ентериер, кога зборуваме за архитектурата, останала верна на своето потекло.

Се наоѓа во непосредна близина на Луксембуршката Градина, како и до луксузната шопинг област на Париз.

Нејзиното окружување е едно од најпопуларните и најбараните окружувања во Париз, и според многумина претставува унапредена и подобро уредена верзија на Петтата Авенија на Менхетн.

Како што многумина тврдат, ова е еден од најексклузивните имоти во Париз. Погледнете и самите зошто…

che2

che3

che4

che5

che6

che7

che8

che9

che10

che11

che12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП