2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony укинува 5.000 работни места

Sony укинува 5.000 работни места

soni0

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ го најави планот за реструктуирање кој предвидува гасење на 5.000 работни места и продажба на одделенијата за развој и производство на телевизори и персонални компјутери на инвестицискиот фонд „Japan Industrial Partners“.

Станува збор за намалување на бројот на вработени на глобално ниво. Без работа ќе останат 3.500 лица во странство и 1.500 во Јапонија.

Продажбата на активностите во секторот за телевизори би требало да биде завршена во јули оваа година, а отпуштањето на вработени до март 2015-та.

Како што пренесува „Reuters“, овие мерки имаат за цел да ги намалат годишните трошоци во износ од 100 милијарди јени (729 милиони евра), почнувајќи од фискалната 2015/2016, прецизираа од компанијата.

За тековната фискална година, која завршува во март, „Sony“ предвидува нето-загуба од 110 милијарди јени и покрај трошоците за реструктуирање, додека во претходната прогноза беше најавен профит од 30 милијарди јени.

„Sony“ одби ја соопшти вредноста на договорот со „Japan Industrial Partnerѕ“, образложувајќи со фактот дека договорот се уште не е финализиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП