9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРестартиранo производството на iPhone 4

Рестартиранo производството на iPhone 4

indija iphone4

Иако по претставувањето на „iPhone“ „5S“ и „5C“ беше објавено дека ќе престанат со производството и продажбата на „iPhone 4“, „Apple“ според пишувањето на „Economic Times“ најверојатно повторно ќе започне со производство на „iPhone 4“, кој би требало да се продава во само три земји.

Имено, „Apple“ со овој уред сака да земе поголем дел од уделот на пазарите во Индија, Индонезија и Бразил, каде неговите нови модели поради релативно високите цени не остварија добри продажни резултати. Најверојатно новата испорака на „iPhonе 4“ за индискиот пазар има датум на производство од декември минатата година, а основниот 8-гигабајтен модел во Индија e 15.000 рупии, односно околу 177 евра, додека претходно се продаваше за цена од 26.000 рупии.

Доколку овие информации се точни, тоа ќе биде прв пат „Apple“ повторно да започне производство на уред кој веќе бил исфрлен од понудата, а се нагласува и важноста на пазарот како индискиот на кој „Apple“ го загуби уделот во корист на конкурентите, особено „Samsung“. Според информациите кои ги објави „IDC“ во третиот квартал од минатата година „Samsung“ држел 33 проценти од пазарот на паметни телефони во Индија, додека „Apple“ не бил ниту меѓу петте водечки, од кој последниот на листата држел 4.7 проценти од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП