13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетата бисерна колeкција накит на Chanel (фото)

Префинетата бисерна колeкција накит на Chanel (фото)

tah1

Француската луксузна модна куќа ја претставува својата луксузна колекција „Les Perles de Chanel“. Оваа колекција ги содржи најпознатите парчиња накит кои се изработени од парчиња бисери.

Познатите парчиња накит како што е барокната нараквица и ѓердан „Lion“ е совршено претставена во комбинација со бели, сиви или златни бисери, поврзани со главата од лав изработена од сафири.

Шармот на оваа бисерна „Les Perles de Chanel“ колекција флертува и со дијамантите, сафирите, аметисот и отанатите префинети скапоцени камења.

Бисерите се користат во сите варијанти и нијанси, од златни, црни, до сиви и бели. Овие парчиња варираат според големината, обликот и бојата, а некои од нив се направени од многу ретки бисери кои можат да се пронајдат само во Тахити и Јапонија.

tah2

tah3

tah4

tah5

tah6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП