8 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Губењето на работните места во областа на дистрибуција на компјутери и компјутерска опрема во првиот квартал ќе изнесува повеќе стотици, вели Јелена Јовановиќ. Според нејзините зборови, тоа ќе биде последица од понатамошните промени на надоместоците кои се однесуваат на IT секторот. Јовановиќ која е секретар на Здружението на информатички дејности во Стопанската комора на Србија на панел дискусијата Увоз на IT опрема и законски регулативи во Србија во Белград, истакна дека повеќе од 5 отсто од вредноста на целиот IT пазар оди токму на бројните надоместоци.

Сараево – Модерниот електричен воз Кончар, кој Железници на ФБиХ го набавија кон крајот на 2008 година за 5,3 милиони евра од хрватска фирма, дефинитивно ќе биде вратен на Хрватски Воз, чие купување го договорија тогашниот премиер на ФБиХ Неџад Бранковиќ и потпретседателот на Владата на Хрватска Дамир Поланчец. На босанскохерцеговските пруги возеше само осум месеци. На хрватската компанија Кончар никогаш не е исплатена ниту една единствена марка. Работата да биде полоша, направи повеќе штета отколку што донесе корист.

Загреб – Хрватска е на трето место во светот по даночни трошоци за трудот, велат податоците од истражувањето на КМПГ Individual Income Tax and Social Security Rate 2012. Хрватска со стапка од 46,3 отсто, кога ќе се собере данокот на доход и социјалните придонеси, се најде веднаш зад Белгија и Грција. Поповолни од Хрватска се Италија и Германија, кои се на четврто и пето место, додека соседна Босна и Херцеговина го зазема 19 место.

Загреб – Хрватските лекари работејќи во викендите по европските болници заработуваат многу повеќе од своите месечни плати во Хрватска, пренесе порталот Index.hr. Освен во Лондон, барани се и во Ирска, Скандинавија, но и во државите од регионот. Десетици агенции к ои западноевропските болници и амбуланти ги снабдуваат со потребни хирурзи, анестезиолози, интернисти, радиолози, физијатри, па и семејни лекари, последните месеци насочени се и на хрватскиот пазар.

Љубљана – Германската телекомуникациска компанија Дојче телеком сака да го преземе Телеком Словенија, потврдија за весникот Ханделсблат извори од словенечките владини кругови. Официјална реакција од Дојче телеком за сега нема, но експертите во секторот за телекомуникации оценуваат дека таквата можност е реална. ДТ со своите фирми ќерки е присутен речиси кај сите словенечки соседи, пишува регионалниот портал Сеебиз. Продажната цена се проценува на околу 700 милиони евра. Меѓутоа, според ДТ не е единствен за преземање на словенечкиот оператор. Се наведуваат уште и Хуавеј, Бејн кепитал, Аксос и руски инвеститори.

Виена – Во Австрија овие денови кружат разни шпекулации за судбината на банката Хипо Алпе Адриа, а се почесто се спомнува и можен стечај. Австриската влада, наводно повеќе не го отфрлува решението со можност за стечај на Хипо банката. Виенскиот весник Винер цајтунг пишува дека стечајот на паднатата банка не е исклучен како опција, како и тоа дека ни канцеларот, ни Министерството за финансии не сакаат да ја исклучат таа можност.

Москва – Росњефт ќе ја зголеми дивидендата откако ланскиот профит скокна на 50 отсто. Нето добивката порасна на 545 милијарди рубљи (15,5 милијарди долари) од 363 милијарди рубљи од претходната година. Росњефт обично исплатува една четвртина добивка низ дивиденда, а за оваа година најави дивиденда од 12,86 рубљи по акција. Лани дивидендата изнесувала 8,05 рубљи по акција. Наведената дивиденда од 12,86 рубљи носи приход од 5,1 отсто.

Сочи – Претставничката на организацијата Хјуман рајтс Воч, Џејн Бјукенан изјави дека голем број работници на градилиштата во Сочи добиле лажни информации. Како што наведе, работниците добиле лажни информации за условите на работа и надниците и оцени дека се работи за голема измама.

Њујорк – Американската инвестициска банка ЏП Морган Чејс ќе плати 614 милиони долари на име порамнување во спорот околу погрешното претставување на квалитетот на високо ризичните хипотекарни кредити, пред пукањето на балонот за недвижнини во САД во 2008 година, соопшти американското министерство за правда. Банката ЏП Морган Чејс заработката ја стави пред одговорноста за безобзирна продажба на илјадници директни кредити и не ја обавести владата за проблемите кои ги носат тие кредити, поради што владата е оставена сама да ги покрие загубите кога ќе дојде до нивна пропаст – изјави њујоршкиот судија Прет Барара. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП