28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G Pro 2 ќе има „сериозно“ добра камера

LG G Pro 2 ќе има „сериозно“ добра камера

lg g pro 2

„LG“ објави нешто повеќе информации во врска со фаблетот „G Pro 2“, покрај потврдата за името која дојде пред околу една недела.

Кога се во прашање фото/видео можностите на уредот, тој би требало да има камера од 13 мегапиксели со подобрен систем за оптичка стабилизација на сликата наречен „OIS+“, но и можност за снимање во 4К резолуција.

Покрај снимањето на такво видео (3.840 x 2.160 пиксели), вреди да се спомене дека уредот ќе може да снима и „slow-motion“ видео, иако не е решено во која резолуција (се претпоставува најниско е 1080p). Истовремено е откриено дека предната камера на уредот, наменета за видеоконференција, ќе биде со резолуција од 2.1 MP.

Новата верзија за оптичка стабилизација на сликата би требало да овозможи помалку заматени слики во лоши услови на осветлување, кога експозицијата мора да биде нешто подолга, но и снимањето на стабилно видео без потребна дополнителна софтверска стабилизација.

Ознаката „OIS+“, за жал, не говори многу, иако би требало да се очекуваат резултати подобри од оние кои ги нуди „LG G2“.

Вреди да се напомене дека „LG G Pro 2“ ќе поседува дијагонала на екранот од 6 инчи со „FullHD“ екран, а тука би требало да се најде и процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“, 3 GB работна меморија и поддршка за брзата „LTE-A“ мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП