20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и помага на „изгубената генерација“

ЕУ и помага на „изгубената генерација“

Belgium Nobel Peace

За време на самитот кој започнува во Брисел, лидерите на ЕУ ќе го претстават предлогот за одвојување на повеќе од пет милијарди евра во борба против невработеноста помеѓу младите.

Целта на оваа програма е да се спречи невработеноста на младите поради презадолженост на одредени региони  и поради економската криза.

Според проценките од страна на властите, невработеноста на младите, ЕУ годишно ја чини 150 милијарди евра што е еквивалентно на 1,2 отсто од европскиот бруто домашен производ (BDP).

Во 13 од 27 земји кои се членки на ЕУ, невработеноста помеѓу младите од 15 до 24 години преминува 25 отсто, а во Грција и Шпанија достигна 50 отсто, пренесе „AP“.

Економистите предупредуваат за овој сериозен проблем кој сеуште не е решен.

„Ваквата висока стапка на невработеност помеѓу младите има драматични последици за нашата економија, а пред се за младата популација“, изјави европскиот комесар за труд, Ласло Андор, во текот на минатогодишното претставување на овој план за помош.

Подршката за оваа програма од страна на европските лидери, зависи од договорот за наредниот долгорочен буџет за 2014-2020 година, за кој е потребно да се обезбедат скоро 1000 милијарди евра.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП