28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ вработува 2 илјади стручни лица

ЕЦБ вработува 2 илјади стручни лица

ecb_2

Европската централна банка ќе вработи околу две илјади финансиски професионалци за контрола на работата на банкарските организации во еврозоната.

Интернет изданието на „EU Observer“ наведува дека овие специјалисти и се потребни на ЕЦБ за остварување на идејата за работата на Банкарскиот сојуз кој ќе функционира во рамките на Европската централна банка, чиј делокруг на работа треба да биде утврден од страна на Еврогрупата.

Според извори блиски на ЕЦБ, прв шеф на Банкарскиот сојуз, би требало да биде високиот функционер на Централната банка на Франција, Даниел Нуи.

Министрите на Еврогрупата, во средината на декември минатата година, се согласија за предлогот според кој ЕЦБ би требала да го обавува надзорот на работата на околу шест илјади банки во еврозоната, помеѓу кои, под дирекна контрола ќе бидат 150 до 200 најголеми регионални банкарски организации.

Се очекува ЕЦБ да добие согласност за обавување на оваа работа до крајот на овој месец, а контролата на банките во еврозоната треба да започне во март наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП