20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за јакнење на капацитетите за макроекономски анализи

Проект за јакнење на капацитетите за макроекономски анализи

analizafinansii

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска ќе присуствува на отворањето на Твининг проектот за поддршка на Министерството за финансии и јакнење на капацитетите за макроекономски анализи и формулирање на политики.

На отворањето на Твининг-проектот, кој се реализира со поддршка на Европската Унија, ќе присуствува и евроамбасадорот Аиво Орав.

Проектот има за цел да го поддржи Министерството за финансии за подобрување на економските анализи и вештините за прогнозирање, како и создавање на среднорочна и долгорочна макро-фискална рамка преку понатамошен развој на капацитетите за макроекономско моделирање и даночни приходи, општествените трошоци и добитки, фискални анализи и подобрување на процесите за буџетските планирања.

Проектот започна во декември 2012 година, а ќе заврши во декември 2014 година. Главен фокус на проектот е размена на искуства за економските анализи, за економски прогнози како и креирање на политики со цел подобрување на квалитетот на информации наменети  за носителите на економските политики, потребни за успешен процес на донесување одлуки. Вкупниот буџет на проектот е речиси 1 милион евра.

Се очекува со проектот, меѓудругото, да се подобри квалитетот на информации за носителите на економски политики, потребни за успешен процес за донесување на одлуки, да се подобрат економските анализи и вештини за економска прогноза на Министерството за финансии, да се зајакнат вештините на вработените во сферата на макроекономските проекции, даночно моделирање, фискални и економски анализи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП