9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan Chase плаќа уште 614 милиони долари

JP Morgan Chase плаќа уште 614 милиони долари

Stress Tests

Американската банка „JP Morgan Chase“ ќе плати 614 милиони долари за решавањето на спорот околу претставувањето на квалитетот на високоризичните хипотекарни кредити.

Имено, оваа инвестициска банка на хипотекарните компании им продала илјадници високоризични хипотекарни кредити, намалувајќи ја проценката на ризикот за кредитите и хартиите од вредност, поради што хипотекарните компании претрпеле големи загуби.

„Банката „JP Morgan Chase“ ја ставила заработката пред одговорноста со продажбата на илјадници дефектни кредити, а притоа не ја известила владата за проблемите кои овие кредити ги носат, поради што владата е оставена сама да ги покрие загубите кога ќе дојде до нивната пропаст“, изјави њујоршкиот судија, Прет Барара.

Оваа глоба доаѓа по рекордните порамнувања од ноември 2013-та, кога „JP Morgan Chase“ е казнет со 13 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП