26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S5 ќе биде претставен на 24-ти февруари

Galaxy S5 ќе биде претставен на 24-ти февруари

samsung pokana

Веќе со месеци се шпекулира за тоа кога „Samsung“ ќе го претстави својот најнов водечки телефон, „Galaxy S5“. Првите информации говореа дека тоа ќе биде на почетокот на годината, па потоа за време на „MWC“  во Барселона, па дури можеби и по него.

Нетрпеливата технолошка јавност денеска најверојатно го доби конечниот одговор на ова прашање. „Samsung“ испрати покани за својот најавен „Unpacked5“ настан кој ќе се одржи на 24-ти овој месец во Барселона.

На поканите на не така суптилен начин е вклучен бројот 5, а тоа очигледно насочува на новиот „Galaxy“, a придружниот текст испратен до новинарите најавува и преставување на нов уред кој ќе биде предводник во гамата на „Samsung“.

Поучени од минатогодишното искуството, кога истата компанија на поканите имаше наслов „ready 4 the show“ и на тој настан на светот му го претстави „Galaxy S4“, сигурни сме дека на крајот на овој месец, светлото на денот ќе го здогледа долгоочекуваниот „Samsung Galaxy S5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП