Денот на вљубените се приближува и сигурно секој од вас сака да го испланира совршениот романтичен ден за себе и за својата сакана личност…
Постој ли подобро место за славење на Денот на вљубените, најромантичниот ден во годината, од најромантичниот град во светот, односно Венеција?
За овој Ден на вљубените, хотелот „PalazzinaG“ во Венеција планира нешто навистина специјално. Тие ни нудат посебен, единствен и луксузен пакет, кој се вика „Sexy Valentine“.
Овој хотел кој го дизајнираше познатиот експерт за дизајн Филип Стак, доби награда како еден од најсексипилните и најсензуалните хотели во светот. Овој луксузен хотел ја користи својата магија за да ги мами посетителите да дојдат и да останат што е можно подолго.
Ова место е специјално дизајнирано и посебно наменето за заљубените парови, кои уживаат во љубов и страст. Атмосферата е идеална за уживање во овој посебен ден, или пак, за било кој ден во годината, со вашата сакана личност.
Овде, можете да впиете посебна и уникатна мешавина од страсти и мистерии, кои ќе го зачинат вашиот љубовен однос. Примамливо, зар не?