27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair: Загуба од 35,2 милиони евра

Ryanair: Загуба од 35,2 милиони евра

ryanair5guh

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ извести дека во третиот квартал од својата фискална година забележал нето загуба, наведувајќи го како причина падот на цената на билетите и слабата фунта во однос на еврото.

Во овој квартал, заклучно со декември нето загубата изнесувала 35,2 милиони евра, се вели во соопштението на „Ryanair“. Во истиот период претходната година оваа авиокомпанија имаше нето добивка од 18,1 милиони евра.

„Нашата загуба во третиот фискален квартал од 35 милиони евра е во согласност со претходните насоки и може да му се препише на падот на цената на билетите од 9 проценти и слабата британска фунта“, вели во соопштението извршниот директор Мајкл Олари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП