9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМинатата година се продадени 32.5 милиони копии од GTA 5

Минатата година се продадени 32.5 милиони копии од GTA 5

gta5-prodaja

Играта „Grand Theft Auto 5“ е продадена во 32.5 милиони копии ширум светот, заклучно со 31-ви декември минатата година. Овој податок го објави „Take-Two Interactive“ во својот најнов финансиски извештај.

Со овој податок се покажува зголемување во однос на 29-те милиони примероци кои беа продадени до крајот на октомври. Нормално станува збор за копии кои биле испорачани до трговците на мало, но не е објавена бројката колку точно стигнале до потрошувачите, како и каков е односот во продажбата меѓу конзолите „Xbox“ и „PlayStation“.

Кога е во прашање „Grand Theft Auto Online“, „Take-Two“ објави дека ја играат 70 проценти од „GTA 5“ играчите кои се поврзани на интернет.

На прашањето поврзано со „PC“ верзијата на играта „GTA 5“, извршниот директор на оваа компанија Штраус Желник порача дека „Take-Two“ ќе им остави на „Rockstar“ да направaт најава која се однесува на новите платформи на кои ќе биде достапна играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП