8 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Гувернерот на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ изјави дека штедните влогови и сите депозити на „Универзал банката“ до 50.000 евра се заштитени. – Агенцијата за осигурување на депозити, која е администратор на банката, ќе продолжи да ги исплатува штедните влогови, истакна Табаковиќ, објаснувајќи дека сите депозити и штедни влогови не се гарантирани, туку само оние до 50.000 евра.

Подгорица – Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека изградбата на автопатот Бар-Бољаре претставува голем поттик за развој на економијата. – Изградбата на автопатот е една од најголемите шанси за раст на економијата, поголема вработеност и подобар квалитет на животот на граѓаните во Црна Гора, оцени Ѓукановиќ. Тој изрази очекување дека за еден месец ќе биде завршена компплетната договорена инфраструктура, а со тоа, како што изјави, ќе се создадат и услови за почеток на изградба на автопатот.

Загреб – Просечната месечна нето плата во Хрватска лани во ноември изнесувала 5.634 куни или 736 евра. Тоа е номинално за 2,3 отсто, а реално за 2,4 отсто повеќе во однос на октомври, објави хрватскиот Државен завод за статистика. А во споредба со ноември 2012 година, просечната нето плата била номинално пониска за 0,8 отсто, а реално пониска за 1,2 отсто.

Брисел – Буџетскиот дефицит на еврозоната во третиот квартал од 2013 година е намален на ниво кое е близу до официјално дозволениот лимит на ЕУ од три отсто од БДП, наведе Евростат. Во третиот лански квартал буџетскиот дефицит на еврозоната се намалил на 3,1 отсто од БДП, од 3,3-те проценти во претходното тримеселие и 3,4-те отсто во периодот јануари-март 2013 година. Се работи за најнизок дефицит на еврозоната во третиот квартал од 2008 година, кога изнесувал 2,2 отсто од БДП.

Брисел – Европскиот комесар за заштита на конкурентноста Хоакин Алмунија заминува од должноста во ноември, но дотогаш сака да го заврши судирот со „Гугл“ и „Газпром“ околу наводните злоупотреби на пазарните позиции на двата гиганти. Алмунија има неколку недели во кои или ќе постигне договор со интернет гигантот и енергетската компанија за тоа како ќе го променат работењето или ќе им испрати формални тужби. – Иако постои голем јаз меѓу ривалите во областа на софтверите, тој сака да постигне договор со „Гугл“, откако ги одби првите две понуди на компанијата .вели еден претставник на ЕУ, кој инсистирал на анонимност.

Виена – Австриската железница ОББ има намера да инвестира 12,7 милијарди евра во изградба и модернизација на железничката мрежа до 2018 година. – Пред пет години никој не би поверувал дека тоа е можно, рече министерката за сообраќај на Австрија Дорис Бурес, поврзано за успешната санација на ОББ, која од 2012 година повторно бележи позитивни резултати и рекорди во бројот на патниците. Најточната железница во ЕУ, според зборовите на шефот на ОББ, Кристијана Керна, отишла далеку, но се уште не стигнала на целта.

Берлин – Германската авиокомпанија „Луфтханза“ го критикуваше планот на „Етихад“ од Обединетите Арапски Емирати за купување на италијански превозник „Алиталија“. – Ние сме против постојаното субвенционирање и делумната национализација на европските авиокомпании, без оглед на тоа дали ги купуваат европски земји или државни компании надвор од Европа, се наведува во соопштението на „Луфтханза“ и ја повикува Европската комисија да забрани такви акции.

Абу Даби – Компаниите „Арабтек“ и „Абар Пропертиз“ договориле градежна инвестиција во Обединетите Арапски Емирати, вредна 6,1 милијарда долари. Градежната компанија „Арабтек холдинг“ потпиша договор со фирмата „Абар Пропертиз“, кој подразбира изградба на 37 згради во Дубаи и Абу Даби. Како што се прецизира, договорот е вреден дури 6,1 милијарда долари. Со договорот се предвидува изградба на хотели и станбени згради, соопшти „Арабтек“.

Токио – Нето профитот на најголемата јапонска банка „Мицубиши фајненшел груп“ во првите девет месеци од тековната фискална година, пораснал за над 47 отсто на 7,7 милијарди долари. Причина за тоа е фактот што јапонските кредитори оствариле добри резултати во своите сектори за трговија со акции. Добивката на „Мицубиши“ во периодот април-декември 2013 изнесувала 785,42 милијарди јени или 7,7 милијарди долари, а банката е на пат во оваа фискална година, што завршува на 31 март 2014, да оствари профит од 910 милијарди јени.

Њујорк – Извршната директорка на „Пепси“, Индра Ноји откри дека цврстите односи со вработените ги градела и така што пишувала писма на нивните родители. Директорката на овој гигант објасни дека напишала писмо до родителите на сите свои клучни соработници, за да им се заблагодари, на одличните деца кои ги воспитале. – Во еден момент ми текна, никогаш не сум им се заблагодарила на родителите на своите директори на одличната работа која ја завршиле при воспитувањето на своите деца, а кои денес одлично си ја вршат работата за мене, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП