
Наместо со автомобилите, луксузниот бренд „Bentley“ овој пат ни го привлекува вниманието со фантастичната колекција на скии…


Наместо со автомобилите, луксузниот бренд „Bentley“ овој пат ни го привлекува вниманието со фантастичната колекција на скии…
Овие скии се равиени во соработка со компанија која потекнува од Швајцарија и се вика „Zai“. „Zai“ брендот успеа да ја искомбинира уметноста на креирањето на највисокиот квалитет со строгите естетски стандарди и сензибилитет, кои го поврзуваат брендот „Bentley“, односно неговото наследство и традицијата на квалитетот, екслузивноста и стилот, со техничките и дизајнерските аспекти на овие скии.

Скиите се рачно направени од најфини, најексклузивни и најлуксузни материјали, и токму како автомобилите на „Bentley“, го претставуваат врвот на луксузот и елеганцијата.

Овие „Zai for Bentley“ скии се направени, како што се очекуваше, во многу ограничен број од само 250 пара, а цената им е 10.850 долари.