28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПума го носи Балотели во Арсенал?

Пума го носи Балотели во Арсенал?

baloteli14

Во Италија повторно се појавија информации дека Балтотели летоска со сигурност ќе си замине од Милан. Се шпекулира дека тој повторно ќе се врати на Островот, но сега покрај Челзи, неговото име го поврзуваат и со Арсенал.

Во Милан не се задоволни, Супер Марио игра на периоди, а во некои средби неможе ниту да се забележи на теренот, но исто така никогаш неможат да бидат сигурни што ќе направи.

Мино Рајола, уште на почетокот на зимата демантираше дека неговиот пулен во јануари ќе го напушти Милан, но не сакаше да коментира за летниот преоден рок.

Најверојатно постојат контакти со Мурињо кој верува дека може да го извлече најдоброто од Балотели, а како што пишуваат англиските медиуми, за него е заинтересиран и Арсенал.

Тие во целата работа би ја вклучиле и Пума која им е спонзор, како и на Балотели, па така тоа би го олеснило трансферот.

Се шпекулира дека Милан за сума од 30 милиони евра без проблем би го продале темпераментиот фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП