9 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Надзорниот одбор на Контролата на летање на Србија СМАТСА, го разреши вршителот на должност генерален директор Слободан Цвијан. На местото директор на Контрола на летање на Србија и Црна Гора именуван е Радојица Ровчанин.

Приштина – Владата на Косово усвои предлог амандман на Закон за јавни компании според кој металуршкиот комбинат Трепча стана јавна компанија. Министерот за стопански развој на Косово Фадил Исмаили за приштинскиот весник Коха диторе изрази верување дека во февруари тој амандман може да се најде на дневен ред на Собранието на Косово. Со примена на тој амандман Трепча би била во сопственост на Владата на Косово, како и останатите јавни компании.

Белград – Платите на жените во Србија на месечно ниво се помали во однос на платите на колегите за повеќе од 200 евра. Тие за истата работа добиваат помалку, иако имаат иста стручна подготовка. Ова го покажаа најновите анализи на Републичкиот завод за статистика од кои се гледа дека нај изразена е разликата кај тие кои имаат високо образование, каде жените примаат во просек 25.000 динари помалку.

Подгорица – Советот за приватизација и капитални проекти на Владата на Црна Гора распиша тендер за продажба на 56,5 отсто државен капитал во Институтот Симо Милошевиќ, во Игало. Почетната цена е 10 милиони евра. Како што е соопштено, заинтересираните можат да достават понуди до 29 април. Здравствениот центар во Игало е една од најголемите и најпознати институции за мултидисциплинарно банско лечење на Медитеранот.

Бања Лука – Со моменталниот стопански раст, на Србија ќе и требаат 133 години за да го достигне развојното ниво на земјите на ЕУ, покажува едно регионално истражување. Драго Пупавац и Даница Дракулиќ, професори по економија во Риека, т.е. Суботица, со истражувањето кое е објавено во зборникот Наука, технологија и развој, дошле до податоци дека на БиХ за истата работа со раст од 1 отсто потребни и се 157 години, додека на Хрватска вкупно 64 години, пишува бањалучкиот весник Глас Српске.

Белград – Стапките на невработеност во земјите на Западен Балкан се меѓу највисоките во Европа, се предупредува во новиот работен документ на ММФ. Кога се работи за Србија, во документот се наведува дека треба да се измени формулата за исплата на отпремнина, да се реформира системот на социјална заштита и да се намалат оптоварувањата на трудот со даноци и придонеси, како и да се изменат минималните плати, пренесе Еурактив Србија.

Вашингтон – Според Биг Мек индексот, индиската рупија е најпотценетаа валута (за 66,8 отсто), а најпреценета е норвешката круна (за 68.6 отсто). Индексот Биг Мек, начин за утврдување на куповната моќ и јачината на валутата ширум светот, се темели на собирање на компаративни податоци за цените на Биг мек. Оваа анализа лондонскиот Економист ја спроведува од 1986 година, со споредување на цените на повеќе пазари да ја процени вистинската вредност на валутите.

Москва – Цените на златото во 2013 година паднаа за прв пат за 12 години и тоа за 27,3 отсто, соопшти Светскиот совет за злато (Њорлд Голд Цоунцил-ЊГЦ) во својот редовен преглед. Како што пренесе Блумберг, од 3 јануари до 30 декември 2013 година, цената на златото на спот пазарите е намалена од 1.686,92 долари за фина унца на 1.196,57 долари. Побарувачката во Кина и Индија каде продажбата на злато лани достигнала рекорд, заедно со купувањето кое го вршеле централните банки, се покажала недоволна да го намали одливот на златото од берзанските фондови.

Берлин – Германската компанија Фолксваген го престигна американскиот ривал Генерал моторс и стана втор по големина производител на автомобили во светот, по јапонската Тојота. Германската групација во 2013 година продаде вкупно 9,73 милиони возила, вклучувајќи ги сите 12 марки, изјави портпаролот на Фолксваген. Тојота лани продала 9,98 милиони автомобили, а ГМ 9,71 милион возила.

Копенхаген – Данската компанија Вестас пушти во работа најсилна ветроенергетска постројка на светот. Џиновската конструкција висока 113 метри е поставена на копно во центарот за тестирање во Естерилд на северозападниот дел од земјата. Силата на турбината В164 е осум мегавати. Таа ќе произведува количина на енергија доволна за задоволување на потребите на 7.500 домаќинства. Користењето на една голема, наместо неколку мали постројки, на корисниците ќе овозможи да ги намалат трошоците за електрична енергија, рече претставникот на компанијата Микаел Зарин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП