3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото во Чешка нема да се воведе за помалку од шест години

Еврото во Чешка нема да се воведе за помалку од шест години

money122

Новиот чешки министер за финансии Андреј Бабиш, кој на функцијата стапи минатата недела смета дека еврото во Чешка нема да се воведе најмалку уште шест години, јави дописникот на МИА од Прага.

Својот став, Бабиш го напиша на својата Фејсбук страница иако и претходно во врска со усвојувањето на европската платежна валута тој изјави дека тоа прашање нема да ја засега оваа Влада.

Пред именувањето на новата Влада, по состанокот со претседателот на државата Милош Земан, Бабиш рече дека со идното усвојување на еврото нема проблем.

Но исто така, додаде дека Чешка не треба да гарантира за обврските на Грција или Шпанија.

Министерството за финансии и Чешката народна банка во документот кој во декември го изгласа претходната Влада на премиерот Јиржи Руснок повторно му препорача на Кабинетот да не воспоставува конкретен датум за пристапување на земјата кон еврозоната.

Пред една година, Чешкиот завод за статистика излезе со податоци дека земјата не исполнува две од четирите барања за воведување на еврото и тоа критериумот на стабилноста на цените поради се повисоката инфлација како и три процентниот уддел на дефицитот на буџетот на бруто-домашниот производ.

Иако податоците се уште не се објавени, се претпоставува дека минатата година и овие услови се исполнети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП