17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИEtihad е блиску до преземање на Alitalia

Etihad е блиску до преземање на Alitalia

etihadalitalia1

Авиокомпанијата „Etihad“ од Обединетите Арапски Емирати соопшти дека е блиску до одлуката за купување на акции во италијанскиот авиопревозник „Alitalia“, кој е во криза.

Во време на објавувањето на оваа информација, италијанската делегација предводена од премиерот Енрико Лета се наоѓаше во посета на Обединетите Арапски Емирати.

„Etihad“ соопшти дека тие и компанијата „Alitalia“ влегле во завршна фаза од напорниот процес за можната инвестиција во италијанскиот авиопревозник кој се наоѓа во тешка ситуација.

Се наведува дека овие две компании ќе развијат заедничка стратегија во наредните 30 години која е во согласност со целите на двете страни.

Компанијата „Etihad“ не соопшти колкав дел планира да купи и колку би можела да плати за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП