Доколку сакате да ги поминувате вашите одмори во совршен и удобен амбиент, каде секоја ваша потреба е исполнета, посетете го луксузниот „ParkRoyal Vietnam“ хотел…
„ParkRoyal Vietnam“ е првиот „atrium“ хотел во Хо Ши Мин градот, кој се гордее со својата понуда на оптимален комфор и погодности, наменети за деловните луѓе и светските патници.
Овој луксузен хотел е совршен избор, стратешки е поставен во близина на аеродромот, „Tan Binh Exhibition & Convention“ центарот и е многу лесно достапен. Сите 186 соби и апартмани се многу убаво декорирани и со смирувачки бои, со полн опсег на луксузни погодности. Бесплатни Wi-Fi и кабловска интернет конекција се достапни во секоја соба.
Погодностите кои ве очекуваат во овој прекрасен хотел се „Garden Brasserie“ ресторанот кој во текот на целиот ден служи еклектичен микс од локална и интернационална кујна, „Lotus“ бар, во кој можете да се напиете прекрасни коктели или чаша квалитетно луксузно вино за да се опуштите по напорниот работен ден, и „St. Gregory“ спа-центарот со отворен базен за потполна релаксација.