3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРекордна продажба на таблети во 2013-та, Apple на чело ги следи Samsung

Рекордна продажба на таблети во 2013-та, Apple на чело ги следи Samsung

Ajped-Ipad-Mini

Ширум светот се испорачани 77 милиони таблети во последниот квартал од 2013-та година, што е раст од 28 проценти во однос на 60-те милиони од истиот период од 2012-та година, покажуваат истражувањата на компанијата „IDC“.

Слично како и во случајот со смартфоните и покрај растот во испораката, „Apple“ забележа пад во својот удел. Компанијата вкупно испорачала 26 милиони примероци на „iPad“, што е раст од 13 проценти во однос на една година претходно, но значително помалку од просекот на целиот пазар на таблети. „Apple“ на тој начин го зазема водечкото место на пазарот со скоро 34 проценти удел, но ова истовремено е пад во однос на 38.2 проценти колку што имаа во 2012-та година.

Од друга страна, „Samsung“ расте многу бргу. Компанијата во последниот квартал од 2013-та испорачала 14.5 милиони таблети, што е за дури 86 проценти повеќе отколку од пред една година. Истовремено, уделот на „Samsung“ на глобалниот пазар е зголемен од 13 на скоро 19 проценти.

На табелата следат „Amazon“ со 5.8, „Asus“ со 3.9 и „Lenovo“ со 3.4 проценти удел на пазарот. Аналитичарите посебно истакнуваат дека „Lenovo“ ќе има раст во испораката од дури 325 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП