29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата во Шпанија е опасна за цела еврозона

Кризата во Шпанија е опасна за цела еврозона

krizaspanija

Кризата во шпанското стопанство би можело да ја ослаби економијата во целата еврозона, тврди извршниот директор на американската агенција за анализа на рејтингот на државите во регионот на Европа, на Блискиот Исток и Африка „Фич“, Ед Паркер.

Тој наведе дека буџетскиот дефицит на Шпанија и понатаму е многу висок и дека земјите-членки на еврозоната дури за неколку години ќе успеат, доколку ги спроведат сите договорени реформски мерки, да ја стабилизираат економската ситуација.

Приходот од шпанските државни обврзници повторно почна да расте, а инвеститорите предупредуваат дека земјите-членки на еврозоната малку работаат на заздравувањето на економската клима.

– Економијата на еврозоната се наоѓа во рецесија и поради тоа се додека ситуацијата не се подобри и не почне растот, инвеститорите ќе бидат воздржани, посочува Паркерт.

Економската активност во Шпанија се намали во последниот кварт од минатата година за 0,7 отсто во споредба со претходното тримесечје. Шпанија, годинава според владините проекции, треба да го намали буџетскиот дефицит на 4,5 отсто, но поголемиот број домашни и странски економисти оценуваат дека таа цел, во услови на продолжена рецесија, е неостварлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП